full screen background image
Search

Прва фотографија од новиот Renault Koleos!

Renault ја објави првата фотографија од новиот Koleos и потврди дека официјалното деби е закажано за саемот на автомобили во Шангај.

Сега за сега немаме никакви информации за новиот SUV на Renault, но премиерата е закажана за 25ти Април. Продажбата во Кина ќе започне набргу по локалното претставување, а европската продажба ќе започне следната година со помодерни и поефикасни погонски единици кои ги бараат купувачите во Европа.

Според некои извори, новиот Koleos ќе биде базиран на платформата на Nissan X-Trail, и ќе користи некои од неговите бензински и турбодизел мотори. Би требало да се нуди со погон на предните, или со погон на сите четири тркала, а во понудата ќе се најдат мануелни и автоматски менувачи.

Дизајнерски, можеме да забележиме влијание како од помалиот Kadjar, така и од хечбекот Megane, особено околу предните светлосни групи. Останува да почекаме до официјалната премиера за сите информации и повеќе фотографии.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.