full screen background image
Search

Регулаторна: Од вечерва горивата со нови цени!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи од вечерва да ги зголеми цените на бензините и да ја намали цената на дизелот.

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, од вечерва малопродажните цени на горивата се намалуваат за 1.35 проценти.

Преведено во денари, тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.5 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 61 односно 63 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за  1 денар, и еден литар дизел гориво ќе чини 44 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.