full screen background image
Search

Ferrari 488 GTB ја освои Red Dot наградата за дизајн за 2016

Сеуште не можете да се одлучите дали Ferrari 488 изгледа подобро од 458 Italia која ја заменува? Жири од дизајнери веќе донесе одлука и го закити новиот суперавтомобил со врвни почести.

Red Dot наградите за дизајн на продукти ги препознаваат најдобрите нови продукти на пазарот помеѓу низа од категории и индустрии, вклучувајќи ги и автомобилите. Овогодинешното жири од 41 експерт, вклучувајќи ги Крис Бенгл и Кен Окујама, оцени преку 5,200 дизајни. Од сите, тие одбраа 1,304 за Red Dot награда, и само 79 за “Најдобри од најдобрите”. Сепак, главната награда ја понесе прекрасниот суперавтомобил Ferrari 488 GTB.

Ова е втората година по ред како Италијанскиот спортски бренд е награден со оваа чест, откако заслужи награда за FXX K минатата година. Целосната овогодишна листа ги вклучува McLaren 570S и Kia Optima помеѓу најдобри од најдобрите. Почесни Red Dot награди им беа доделени и на Audi A4, R8 и Q7, BMW Серија 7, М2 и X1, Fiat Toro, Hyundai Ioniq, Kia Sportage, Mercedes C-Class, Skoda Superb Estate и Volvo S90.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.