Утринска Гимнастика: Ferrari 488 GTB украден и возен токму така! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Ferrari 488 GTB украден и возен токму така!

Како што вели поговорката кога некој автмобил е возен на неговата граница – „вози го како да си го украл“, Pennzoil претстави токму такво видео во кое главна улога е новиот Ferrari 488 GTB.

По минатогодишното видео со Dodge Challenger во истата боја, сега специјалистот за моторни масла подготви втора епизода со подеднакво атрактивни кадри зачинети со звукот на Италијанскиот 3.9-литарски V8 турбо бензинец. Професионалецот позади воланот е Рис Милен, додека локацијата е Шпанскиот град Барселона. Нас навистина нè радува што Pennzoil не застана само на едно видео, туку ќе претстави како цел серијал од вакви снимки. Со нетрпение очекуваме да видиме што ќе биде следно!

Препорачуваме гледање на поголем екран, со повишен звук. Погледнете го возбудливиот видео клип и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.