full screen background image
Search

Четвртата генерација на Kia Sportage пристигна во Македонија

Во текот на вчерашниот ден Kia Motors Macedonia го промовираше новиот Sportage во винаријата Стоби и ги презентираше сите информации за модерниот кросовер.

Четвртата генерација на Kia Sportage пристигна во Македонија. Популарниот кросовер веќе може да се нарача кај македонскиот импортер на брендот и да се купи некој од примероците кои се веќе во нивниот салон. Ние имавме можност да присуствуваме на официјалната промоција на Sportage која вклучуваше и возење од 150 километри до винаријата Стоби и да дознаеме нешто повеќе за производствениот погон и нивните производи.

aertKia го претставува новиот Sportage како софистициран и модерен SUV, со гламурозен дизајн и современи технолохии. Тој се протега во должина од 4480 милиметри, широк е 1635 милиметри и висок 1855 милиметри, додека меѓуоскиното растојание изнесува 2670 милиметри – тоа го прави 40 милиметри подолг од претходникот, и со 30 милиметри подолго меѓуоскино растојание. Багажниот простор е исто така пообемен и сега има капацитет од 503 литри, наместо досегашните 465 литри. KIA се гордее и со аеродинамичноста на Sportage – новиот автомобил има коефициент од 0.33 Cd.

Како и екстериерот, и ентериерот е целосно нов и има централна конзола која е насочена кон возачот, а купувачите ќе можат да изберат меѓу 7 или 8-инчен контролен дисплеј. Комбинирани се метални акценти со меки материјали за да се добие комфорна околина за долги патувања, а поработено е и на звучната изолација со цел да се намали бучавата во ентериерот. Моделот е достапен во избор со неколку дизајни на 16, 17 или 19-инчни алуминиумски фелни.

fghjklНовиот Sportage ќе се нуди со постоечките бензински и дизел мотори, но новитет е 1.6-литарскиот T-GDI турбо-бензинец со директно вбризгување кој ќе се нуди исклучиво кај GT Line верзиите. Моторот нуди 177 коњски сили и 265 Nm вртежен момент од 1500 до 4500 вртежи во минута. Може да се комбинира со новиот 7-брзински автоматски менувач на KIA. Во понудата останува 1.6-литарскиот атмосферски бензинец со 130 коњски сили, а доколку сакате турбодизел можете да одберете меѓу 1.7-литарскиот мотор кој нуди 115 коњски сили, или пак една од двете верзии на 2-литарскиот R турбодизел кој нуди 136 или 184 коњски сили.

Поврзано:   Red Dot и iF награди за новиот Kia Sorento

Цената на новиот Sportage започнува од 18,550 евра за 1.6-литарскиот GDi D-CVVT бензински агрегат, додека понудата на дизел мотори почнува од 20,990 евра за 1.7-литарскиот CRDi VGT агрегат во основното ниво на опрема. Ние сме под позитивни импресии од моделот, а Kia Motors Macedonia се толку сигурни во новиот Sportage што изразија отвореност за споредбен тест со останатите модели од оваа класа. Конкуренти, кој ќе собере храброст!?



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.