full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Nissan ван дрифт Ghymkhana со Крис Форсберг!

Јапонскиот бренд подготви импресивно видео кое ги прикажува комерцијалните ванови во досега незамисливо интересно светло.

Nissan го насамари шампионот во Формула Дрифт шампионатот Крис Форсберг за 1ви Април, кога го повика со намера да ги покаже своите способности со Nissan 370Z Nismo. Наместо тоа, тој доби клучеви од речиси стандарден ван Nissan NV3500 HD на празната патека со препреки, и веќе претпоставувате во која насока води ова.

Според информациите од компанијата, комерцијалниот ван бил речиси стандарден, со единствена разлика што продуцентите додале хидрауличка рачна сопирачка и диференцијал со ограничено пролизгување за да го направат NV3500 HD полесно да се заврти на страна и да го продолжи пролизгувањето.

Подгответе се за облаци од чад, скокови и импресивно прецизно возење благодарение на возачките вештини на Форсберг!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.