full screen background image
Search

ПАНОРАМА: Volvo PowerPulse – Решение за омразената турбо-дупка

Инвентивните Швеѓани понудија свое решение за непосакуваниот ефект на турбополначите – и со компримиран воздух ќе го елиминираат турбо-лагот!

Турбо-дупка, или турбо лаг е оној краток период меѓу притискањето на педалата за гас и активирањето на турбината. Турбините се придвижувани од издувните гасови на автомобилот, па секогаш е потребно малку време да се постигне посакуваниот ефект. Еден од начините да се намали турбо-дупката е да се користат повеќе турбополначи со различни димензии, за помалиот турбополнач да „реагира“ на пониски вртежи, а поголемиот на повисоки – но и овој пристап има свои негативности и не го елиминира ефектот целосно.

PowerPulse Compressed airtank

PowerPulse Compressed airtank

Инженерите на Volvo развија свое решение за овој непосакуфан ефект, и тоа на свој, уникатен начин – со компресиран воздух. Решението на Volvo е значително поедноставно и го користи самиот принцип на турбополнење за да го елиминира каснењето. Power Pulse системот на Volvo користи компримиран воздух за скоро инстантно да го задвижи турбополначот – а со тоа инстантно да го постигне ефектот на турбополнење и да подобри реактивноста на автомобилот.

PowerPulse Spool up

PowerPulse Spool up

Системот користи електричен компресор и резервоар за компримиран воздух. Свеж воздух се зема преку филтерот за воздух и се складира во резервоарот кој цело време се надополнува. Полнењето на резервоарот се врши континуирано, за системот да е цело време достапен. Резултат на ова е навистина едноставно, но интелигентно решение кое покрај тоа што нуди за нијанса зголемена моќност (инженерите на Volvo тврдат дека моќноста се зголемува за околу 10 коњски сили), нуди и одлично подобрување на респонзивноста на автомобилот.

PowerPulse advantage

PowerPulse advantage

Некои мерења покажуваат дека времето потребно да се забрза до 100 километри на час се подобрува за 0.5 секунди, без притоа да се зголемат потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови, a луѓето од Volvo со задоволство тврдат дека не само што нудат подобри перформанси од компаративни мотори со четири цилиндри, туку дека нудат и подобри перформанси од конкуренцијата која нуди V6 турбодизел мотори!

Поврзано:   Volvo исфрли автомобили од 30 метри висина во името на науката

Понекогаш наједноставните решенија се најдобри, зарем не?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.