full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Звуците на Audi R8 V10 Spyder

Минатата седмица Audi го претстави R8 V10 Spyder во Њу Јорк, а оваа седмица ќе ја започнеме токму со отворениот супер-автомобил од Инголштад!

Колку за потсетување, Audi R8 V10 Spyder носи 5.2-литарски атмосферски V10 бензинец кој испорачува 540 коњски сили и 540 Nm вртежен момент. Оваа сила ја пренесува кон сите четири тркала преку DSG менувач и Quattro погон – доволно за отворениот супер-автомобил да може да забрза до 100 километри на час за само 3.6 секунди и продолжи да забрзува до одлични 318 километри на час.

Уживајте!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.