full screen background image
Search

Jaguar најавува целосно-електричен модел

Британскиот премиум производител најавува дека во блиската иднина на пазарот ќе понуди електрично возило!

Континуираната офанзива на британскиот премиум бренд е во полн ек, а сосем логичен следен чекор за Jaguar е да понуди електрично возило на пазарот. Целосно новата гама на брендот е меѓу најинтересните на пазарот во моментов, а за да остане таму каде што е, Jaguar ќе мора да понуди и едно возило на алтернативен погон.

За време на Саемот на Автомобили во Њу Јорк, одговорниот за дизајн на Jaguar – Ian Callum – даде интересна изјава за AutoGuide:

„Во следниве две години ќе понудиме нешто што не е придвижувано од бензински мотор – туку два хрчаци.“ – Секако, ова не е директна најава, но е сугестија за потенцијалниот електричен автомобил кој Jaguar ќе го понуди. Сепак, Jaguar веќе ги има регистрирано и заштитено имињата EV-Type, како и I-Type и I-Pace – па можеме да погодуваме што британскиот производител ќе понуди. Ian Callum веќе вети уште едно изненадување, кое би требало да го видиме на Саемот на Автомобили во Париз.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.