full screen background image
Search

Регулаторна: Од вечерва ќе купуваме поскапи горива

Регулаторната Комисија за Енергетика реши од вечерва да ги зголеми цените на горивата – ќе купуваме поскап бензин и дизел!

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемува за 4.43 проценти. Преведено во цени, тоа значи дека цените на бензинот се зголемуваат за 2.50 денари – па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 60.50 денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 62.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 45.00 денари.

Како што напоменавме, новите цени ќе важат од вечерва на полноќ, и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.