full screen background image
Search

Abarth се подготвува за тркачките патеки со 124 Rally Spider

Покрај серискиот 124, Abarth претстави и прототип рели варијанта од спортскиот роудстер, заедно со објавувањето на одлуката за враќање во моторспортот.

Abarth има блиска врска со рели натпреварите уште од кога брендот започна со модифицирање и подготвување на Fiat-овите рели автомобили, вклучувајќи ги оргиналниот 124 и 131. Сега, брендот со лого на скорпија сака да ги оживее славните денови на рели натпреварувањето со претставување на модерна варијанта од оргиналниот 124 Abarth – цели 40 години по неговата последна официјална трка.

Автомобилот е опремен со 1.8-литарски „bialbero“ мотор со турбополнач и директно вбризгување, кој благодарение на различните мапи за селектирање испорачува сила од 300 кс при 6500 вртежи во минута со оптимална крива на вртежниот момент.

Иако Abarth не споделува дополнителни информации, споменува дека перформансите на автомобилот се воодушевувачки. Дури и шест-степениот секвенцијален менувач бил дизајниран да ги подобри перформансите, додека тракцијата е подобрена со диференцијал со ограничено пролизгување.

Abarth-Rally-124-2

Моделот е развиен за да се гарантираат издржливоста и перформансите, дури и во екстремни услови на типични рели трки, сето тоа благодарение на инженерите на Abarth кои работеле неуморно за да го претворат веќе лесниот автомобил во вистинска адреналинска тркачка машина.

Констукцијата е зајакната со поцврсти материјали, додека мекиот кров е заменет со покрут тврд кров. Сите овие модификации ја направиле распределбата на тежина на возилото да биде понаклонета кон задната оска, со што се подобрува тракцијата во услови кога има послаб контакт со подлогата. Споредено со сериската верзија, 124 рели добива и пониско тежиште.

Создаден за да ги исполни условите на FIA R-GT категоријата, автомобилот ги има потребните структурни зајакнувања за да гарантира уште поголема отпорност и најголеми безбедносни стандарди за екипажот, благодарение на заштитниот кафез.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.