full screen background image
Search

MTM го набилда компактниот Audi RS3 до 502 коњски сили

Германскиот тјунер MTM е познат по навиката да ги трансформира моделите на Audi RS3 во вистински ракети, но RS3 R достигна ново ниво!

Пет-цилиндарскиот 2.5-литарски TFSI агрегат сега произведува 502 коњски сили при 6600 вртежи и 650 Nm вртежен момент во опсегот помеѓу 2250 и 5750 вртежи во минута, сето ова благодарение на нов турбополнач и поголем интеркулер, правејќи го овој компактен модел вистинско чудовиште.

Во комбинација со S-Tronic трансмисија со седум степени, MTM RS3 R се катапултира од нула до 100 км/ч за само 3.6 секунди и од 0-200 км/ч за 13.6 секунди. Максималната брзина зависи од хомологацијата на пневматиците, но MTM вели дека многу лесно ќе ја достигне бројката од 300 км/ч.

2016-MTM-RS3R-02

За подобра контрола на патот тука се сопирачки дискови со дијаметар од 380mm позади 19-инчните Nardo Edition алуминиумски фелни, кои се обвиени во Michelin Pilot Super Sports пневматици. Останатите одлики на екстериерот содржат функционален преден спојлер и заден дифузер направени од јаглеродни влакна, кои ќе ја подобрат потисната сила при повисоки брзини.

Кабината е дотерана со специјален кожен тапацир со шевови во форма на саќе на панелите од вратите, седиштата, потпирачите за раце и на централната конзола.

MTM RS3 R ќе дебитираше на автомобилскиот саем во Женева, со очекувана цена од 94,400 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.