full screen background image
Search

Renault преминува во нова дизајнерска насока

На автомобилскиот саем во Париз, Renault ќе претстави нов концепт за спортски автомобил кој ќе го најави новиот дизајнерски јазик на брендот.

Овој начин компанијата го користи уште од поодамна. Во 2010 Францускиот бренд го претстави концептот DeZir, чии стилски елементи беа прво пренесени на дополнителните пет концепти, а потоа се најдоа и на сериските модели од целата гама, но се чини дека е време да се тргне по нова насока.

Главниот дизајнер на компанијата, Лоренс Ван Ден Акер изјави дека исто така ова ќе биде првиот од серија концепти. Тој не откри многу, но изјави дека можеме да очекуваме голем редизајн на карактеристичниот преден дел и истакна дека претходната стратегија на брендот од “постојана револуција” не резултирала со подобрен имиџ како што се надевале.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.