Утринска Гимнастика: Руски дрифтер ги зачади улиците на Санкт Петербург! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Руски дрифтер ги зачади улиците на Санкт Петербург!

Професионалниот дрифтер Сергеј Кабаргин изведе спектакуларен маркетингшки дрифт перформанс низ преполните улици на градот Ст. Петерсбург, прв од овој тип во Русија.

Иако до сега сигурно сте виделе некое од многуте аматерски видеа со разни автомобилски случувања направени од онборд камерите низ Русија, ова е прво професионално видео во кое властите соработувале за затворање на градските улици за ваков настан. Случувањето е проследено од огромна публика распространета низ околните тротоари, а возилата на улиците се точно таму наместени за се да изгледа уште поатрактивно.

Кабаргин успева да постигне неверојатни агли на пролизгување позади воланот на неговата темелно модифицирана Toyota Supra од четвртата генерација и на одличен начин го промовира дрифтот. Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.