MTM го претстави моќниот Audi S8 Talladega R со 802 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

MTM го претстави моќниот Audi S8 Talladega R со 802 коњски сили!

МТМ жестоко напаѓа на овогодишното издание на автомобилскиот саем во Женева, а најзначаен изложбен примерок е “вселенскиот брод” наречен Таlladega R.

Германскиот тјунер го зема како основа eден од најсилните големи седани во светот – Audi S8 и го облече во камуфлажна шара со специјален аеродинамички пакет кој ја подобрува стабилноста при високи брзини. Пакетот содржи преден спојлер со карбонски додатоци, редизајнирана предна решетка, нови странични прагови, карбонски заден дифузер, странични капаци на ретровизорите и заден спојлер. Вози на 22-инчни Bimoto алуминиумски фелни со Michelin Pilot Super Sport 265/30 ZR 22 пневматици под кои се наоѓаат големи карбонски керамички сопирачки за да ја „скротат“ дополнителната сила.

adsfgrthyu

Зборувајќи за силата, 4.0-литарскиот V8 агрегат сега е способен да развие високи 802 кс при 6,000 вртежи и 945 Nm вртежен момент во опсегот помеѓу 2,250 и 5,500 вртежи во минута. Силата се пренесува кон подлогата преку осум-степен автоматски менувач и Quattro погон на сите четири тркала.

Резултат на сето ова се забрзување од 0-100 км/ч за само 3.1 секунда, додека за 0-200 км/ч се потребни помалку од 10 секунди. MTM споменува дека патувањето од 0-300 км/ч се завршува за помалку од 29 секунди пред Talladega R да ја достигне максималната брзина од 350 км/ч.

Останатите додатоци вклучени во пакетот се RS предните седишта со карбонски капаци, заедно со RS задни седишта и RS панели на вратите со контрастни шевови во форма на саќе. Опремен со сите овие додатоци, MTM Audi S8 Talladega R чини 222,249 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.