full screen background image
Search

LUMMA Design го накити Jaguar F-PACE

LUMMA Design разви нов тјунинг пакет наменет за првиот кросовер на Jaguar, новиот F-PACE, во кој нуди голем број на додатоци.

Наречен “CLR F”, пакетот доаѓа со голем број на делови за дотерување на каросеријата, вклучувајќи нов преден и заден браник. Скулптурираните странични прагови се исто така дел од пакетот, како и дополнителните додатоци на страничните крила кои го прават кросоверот поширок и повпечатлив. Редизајнираниот поклопец на моторот и задниот дифузер се направени од карбон со цел да се намали тежината.

Највпечатлив дел од дизајнерскиот пакет на LUMMA Design се без сомневање масивните 24-инчни алуминиумски фелни. Тие доаѓаат обвиени во широки 285/35 ZR 24 напред и 355/25 ZR24 пневматици назад.

000 (12)

Тјунерот исто така работи и на надградба на силата на 3.0-литарскиот V6 агрегат со компресор кој во стандардна конфигурација испорачува 380 кс во F-PACE S, но тие наскоро ќе ја зголемат бројката на 480 кс. Засилениот мотор ќе може да биде усогласен со спортски издувен систем кој се одликува со четири издувни цевки интегрирани во дифузерот.

Планиран да излезее на пазарот во третата четвртина од годинава, пакетот исто така вклучува неколку прилагодувања на внатрешната кабина. Купувачите ќе можат да изберат помеѓу голем број на кожни и Alcantara тапацири, заедно со украсни детали од дрво, карбон или алуминиум. Во понуда ќе бидат и специјални патосници со логото на тјунерската компанија и сет од алуминиумски педали.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.