full screen background image
Search

Од вечерва поскапуваат горивата – цената на бензините се зголемува 3 денари, на дизелот 2.5 денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – и од вечерва ќе купуваме поскап бензин и дизел!

Од вечерва ќе купуваме поскапи горива – така одлучи Регулаторната Комисија за Енергетика. Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва малопродажните цени се зголемуваат во просек за 6.02 проценти.

Трансформирано во цени, тоа значи дека од вечерва на полноќ цените на бензините се зголемуваат за 3.00 денари, па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 58.00 денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 60.00 денари. Цената на дизел горивото се зголемува за 2.50 денари, па еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 43.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.