Женева: Освежување и за Volvo V40! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Женева: Освежување и за Volvo V40!

Шведскиот производител го освежи несекојдневно хечбек V40, но и неговата поробустна изведба која ја носи ознаката CrossCountry.

Фејслифтот вклучува нови предни светла кои сега ја користат истата графика како и големиот XC90 и новите S90 и V90, како и изменет браник и нови значки. Дополнително, со фејслифтот пристигнуваат и нови дизајни на тркала, како и две нови бои – Amazon Blue и Denim Blue.

Во ентериерот ќе препознаете нови тапацири, нови можности за персонализација и нови опции за материјали кои можат да се искористат – алуминиум во неколку различни изведби, и нови ситни детали. Дополнително, освежениот V40 ја добива и Volvo On Call апликацијата која овозможува од далечина да се пристапи кон некои од функционалностите на автомобилот, а системот е компатибилен со Apple Watch и некои од преносливите Android уреди.

Луѓето од Volvo со особена гордост најавуваат дека D2 моделот ќе има емисија на штетни гасови од само 89 грама CO2 на изминат километар. Продажбата започнува наскоро!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.