full screen background image
Search

Hyundai i30 се нуди по одлична, акциска цена!

Hyundai Motor Македонија го нуди својот популарен хечбек по специјална, акциска цена!

Одлични вести од Hyundai! Популарниот i30 – хечбекот кој ние неодамна имавме можност да го пробаме во турбодизел, но и бензинска варијанта – се нуди по одлична, акциска цена. Цените започнуваат од 10.900 евра за 1.4-литарскиот DOHC бензинец со 100 коњски сили, кој доаѓа со серво управувач, ABS, EBD, ESP и VSM системи за безбедност, 4 воздушни перничиња, електрично задвижување на прозорците, клима уред, деллива задна клупа, LED дневни светла и уште многу други додатоци.

Ако сакате турбодизел, тука е одличниот 1.4-литарски CRDi со 90 коњски сили – и можете да го добиете зса 12.780 евра, односно 13.580 евра за i30 во Comfort ниво на опрема – токму моделот кој ние неодамна го возевме.

За повеќе информации, посетете ја веб страницата на нашите пријатели од Hyundai Motor Македонија!

Извор: PR Hyundai



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.