full screen background image
Search

Touring Superleggera го претстави Disco Volante Spyder

Carozzeria Touring Superleggera претстави Spyder изведба од егзотичниот Disco Volante Coupe, која дебитираше на 86тото издание на автомобилскиот саем во Женева.

Spyder изведбата е исто како купе верзијата базирана на Alfa Romeo 8C Competizione, а се чини дека производството ќе биде ограничено на само седум автомобили. Секој од нив ќе биде обоен во различна боја, а изложениот автомобил ја носи “Blue Ceruleo” нијансата комбинирана со црн/беж Connolly кожен ентериер.

Не се достапни повеќе информации за погонската единица, но најверојатно е дека под поклопецот ќе се најде истиот 4.7-литарски V8 агрегат со 450 кс и 480 Nm вртежен момент, усогласен со шест-степен полу-автоматски менувач и заден погон како во 8C.

Во купе изведбата, оваа комбинација обезбедуваше забрзување до 100 км/ч за 4.2 секунди и максимална брзина од околу 290 км/ч. Сепак, Spyder верзијата се чини дека ќе биде за нијанса потешка, па може да очекуваме малку послаби перформанси. Иако го кажуваме ова, не веруваме дека ќе им биде од важност на седумте купувачи бидејќи Disco Volante Spyder е автомобил кај кого е поважен стилот од брзината.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.