full screen background image
Search

Игор Стефановски – Иџе ќе се натпреварува во ETCC!

Македонскиот автомобилски ас од оваа сезона ќе се натпреварува во Европскиот Куп на Туринг Автомобили – European Touring Car Cup – ETCC!

По две доминантни сезони на Европскиот Шампионат на Брдски Патеки, Иџе ќе продолжи да се натпреварува на сосем ново ниво – во ETCC, и тоа зад воланот на Seat Leon Cup Racer, како дел од LEMA Racing тимот од Словенија. Негов тимски колега ќе биде португалецот Fabio Mota.

Сезоната започнува на 1ви Април на патеката Paul Ricard во Франција! Ние можеме само да му го посакаме најдоброто на Иџе и да се надеваме дека ќе продолжи со тоталната доминација!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.