full screen background image
Search

Претставен Lamborghini Centenario – Во чест на Ferruccio Lamborghini

Во чест на стогодишнината од раѓањето на Ferruccio Lamborghini, компанијата која гордо го носи неговото име го претстави јубиларниот Lamborghini Centenario!

Новиот хипер-автомобил на Lamborghini ќе биде произведен во само 40 примероци – 20 купеа и 20 роудстери, а секој од нив ќе чини по 1.75 милиони евра – и погодувате, сите се веќе распродадени. Centenario го користи истиот V12 кој се користи и во Aventador, но сега е доработен на импресивни 770 коњски сили. Благодарение на овој монстер-мотор, може да забрза до 100 километри на час за само 2.8 секунди, до 300 километри на час за само 23.5 секунди, а максималната брзина е повисока од 350 километри на час. Уштеп поимпресивни се сопирачките – од 100 километри на час до целосно запирање на Centenario му требаат само 30 метри.

 

Centenario е изграден околу монокок платформа направена од карбонски влакна, и целиот автомобил тежи само 1520 килограми – 55 килограми помалку од Aventador. Аеродинамиката е подобрена благодарение на многуте крилца, поголемите отвори за воздух, отворите за воздух на кровот, големиот заден спојлер и агресивните дифузери. Автомобилот е поставен на 20, односно 21-инчни тркала напред и позади изработени од кован и обработен алуминиум, обвиени во Pirelli P-Zero гуми направени специјално за системот за управување на задните тркала кој е вграден во Centenario.

Одличен начин да се прослави роденденот на основачот на компанијата, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.