full screen background image
Search

Brabus Mercedes AMG C63 S жестоко навлегува во категоријата на суперавтомобили

Единствената работа која не му недостасува на Mercedes-AMG C63 S со неговите 510 коњски сили е повеќе сила, но инженерите на Brabus имаат малку поинаков став околу тоа.

Инженерите на Германската компанија го надградија 4.0-литарскиот битурбо V8 агрегат со ново-развиени турбополначи со голем компресор, репрограмирана електронска компјутерска единица и спортски издувен систем од не’рѓосувачки челик со активно контролирани вентили.

Brabus-Mercedes-AMG-C63S-2

Благодарение на овие модификации, новиот Brabus C63 S располага со 650 кс и 820 Nm максимален вртежен момент, што е 140 кс и 120 Nm повеќе од стандардната изведба. Ова му обезбедува на автомобилот забрзување од 0-100 км/ч за 3.7 секунди во седан и 3.8 секунди во караван изведба, додека максималната брзина изнесува 320 км/ч. Разликата со стандардниот модел е подобрување од 0.3 секунди во забрзување и 70 км/ч поголема максимална брзина (што главно се должи на отстранувањето на електронското ограничување).

За подобрена стабилност на патот, Brabus оствари соработка со Bilstein за заедно да развијат специјално тјунирана прилагодлива суспензија која овозможува десет различни нагодувања за одбивање и компресија на амортизерите.

Brabus-Mercedes-AMG-C63S-21

Во понуда се два различни дизајни на 20-инчни тркала обвиени во Continental, Pirelli или Yokohama пневматици со профил од 255/30 ZR 20 на предната оска и 275/30 ZR20 на задната оска.

За дотерување на екстериерот понудени се карбонски аеродинамички и стилски додатоци кои вклучуваат преден браник, заден спојлер, заден дифузер и капаци за ретровизорите. За украсување на кабината Brabus нуди повеќе опции за прилагодување според личниот вкус на купувачот, како уникатни материјали и алуминиумски детали.

Новиот Brabus C63 S ќе дебитира на автомобилскиот саем во Женева, кој ќе се одржи наредната недела.

Поврзано:   По 45-ти пат доделени наградите Златен Волан кои ги доделуваат Auto Bild и Bild am Sonntag


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.