Први фотографии од караванската верзија на новиот Renault Megane – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први фотографии од караванската верзија на новиот Renault Megane

Францускиот производител полека но сигурно ја проширува гамата на својот најпопуларен модел – новиот Megane!

По стандардната изведба на Renault Megane со пет врати, вториот модел кој го гледаме е новиот караван. Иако сега за сега имаме само две фотографии, сепак можеме да видиме дека и кај караванот продолжува приказната за привлечниот и авантгарден дизајн.

2017-renault-megane-estate-1

Renault го опишува караванот како „елегантен и спортски“, и го истакнува неговиот карактер со хромирани детали, мат кровни носачи и привлечни линии. Врвната верзија и тука ќе се нарекува GT, и ќе носи изменет преден браник со специфични мрежи на ладилникот, пошироки отвори на воздух и уште неколку детали. Секако, GT верзијата го носи и 4Control системот за управување со сите четири тркала за да испорача „прецизно, динамично управување по кривулести патишта и да понуди вистинско уживање во возењето.“

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.