full screen background image
Search

ПАНОРАМА: Хибриден и економичен – Volvo XC90 T8 – 407 коњски сили и 2.1 литри на 100 километри

Кога модерната технологија може да понуди одлични перформанси и исклучителна економичност, со право го задржува нашето внимание!

Со новиот XC90, Volvo реши да понуди сериозна алтернатива на постоечките конкуренти во класата – а еден од начините да го направи тоа е да понуди хај-тек решенија со кои ќе ги привлече купувачите. На самиот врв на понудата на XC90 стои T8 Twin Engine хибридот кој и покрај тоа што нуди дури 407 коњски сили, истовремено може да троши само 2.1 литар гориво на 100 километри и да има емисија на CO2 од само 49 грама на поминат километар.

The all-new XC90 T8

The all-new XC90 T8

Сето ова се должи на напредниот хибриден погон кој му овозможува на големиот луксузен SUV да ги оствари овие бројки. Погонот се состои од 2-литарски четири-цилиндарски бензинец кој има турбополнач и компресор, како и два електромотори. Бензинскиот мотор испорачува 320 коњски сили кон предните тркала, додека за задните тркала е задолжен електромотор кој испорачува 87 коњски сили. Третиот електромотор ја има улогата на стартер и е поставен меѓу моторот и 8-степениот автоматски менувач – и служи за да додаде вртежен момент кога е потребно и за да ги „измазни“ префрлувањата од еден режим на работа во друг. Режимите меѓу кои можете да одберете се Hybrid, Pure Electric, Power, AWD и Save.

The all-new XC90 T8

The all-new XC90 T8

Вкупно, Volvo XC90 T8 Twin Engine има 407 коњски сили и 640 Nm вртежен момент. Благодарение на овие бројки може да постигне 100 километри на час за само 5.6 секунди, а доколу внимавате можете да поминете до 42 километри на електрична енергија. Според официјалните податоци, ако возите внимателно – можете да потрошите само 2.1 литри гориво на 100 километри – скоро неверојатно за автомобил кој истовремено нуди место за вкупно седуммина.

Поврзано:   Volvo исфрли автомобили од 30 метри висина во името на науката

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.