full screen background image
Search

Пристигна Audi RS Q3 Performance со 367 коњски сили

Најсилниот компактен кросовер на Audi тукушто стана уште поинтересен со новата Performance изведба која носи зголемена сила и ексклузивна опрема.

Најзначајната измена е тоа што главниот радијатор на пет-цилиндарскиот 2.5-литарски TFSI агрегат има зголемен капацитет за ладење за да се извлечат уште 27 кс, за вкупна сила од 367 кс и 465 Nm вртежен момент. Благодарение на тоа, на Audi RS Q3 Performance му се потребни 0.4 секунди помалку за забрзување од 0-100 км/ч, па сега истото трае 4.4 секунди, додека максималната брзина е исто така зголемена од претходно електронски ограничените 250 км/ч на 270 км/ч.

Инженерите на Audi направиле измени и во седум-степената S троник трансмисија, која испорачува сила кон двете оски. Во понуда е и RS Sport суспензија со систем за контрола на тврдината на амортизерите.

Dynamic photo, Colour: Ascari blue metallic

Dynamic photo, Colour: Ascari blue metallic

Измените на екстериерот содржат затемнети предни светлосни групи и титанум мат наместо светло сивата боја околу предната решетка, сечилата на страничните отвори за воздух, сплитерот, алуминиумските фелни, задниот дифузер, страничните ретровизори, кровните шини и завршетоците на кровниот спојлер.

Во кабината, Германскиот бренд нуди спортски седишта во црна и сина боја, контрастни шевови на кожниот спортски волан, рачката од менувачот, централниот потпирач за раце и патосниците. Тука се и кругови на брзинометарот во сива боја, со бели бројки и црвена стрелка.

Audi RS Q3 Performance е веќе достапен за нарачка во Германија, каде ќе чини 61,000 евра, покрај стандардниот RS Q3 кој почнува од 56,600 евра. Испораките кон купувачите ќе започнат во втората четвртина од оваа година, а јавното дебитирање на овој модел ќе биде на саемот во Женева во Март.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Audi го претстави новиот, подинамичен SQ2


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.