Новата Opel Mokka X е подготвена да дебитира во Женева – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Opel Mokka X е подготвена да дебитира во Женева

Откако забележа продажба од над 500,000 единици во Европа, Германскиот производител го освежува малиот кросовер со нов изглед и нова технологија.

Оpel изјави дека ознаката „X“ ќе биде користена кај идните SUV и кросовер возила кои содржат поавантуристички дух од останатите модели. Неговиот подновен изглед содржи редизајнирана решетка и поубаво ускладени површини со помалку пластични додатоци, како и нови LED светлосни групи. На задниот дел исто така се забележува рестилизиран браник и задни светла со истата форма, но поинаква графика.

Opel-Mokka-X-Geneva-1

Ентериерот доаѓа со нова инструмент табла со сличен дизајн како онаа кај новата Astra, каде инструмент таблата се одликува со похоризонтално обликувани елементи. Централната конзола е редизајнирана околу 7 и 8-инчните дисплеи од мултимедијалните системи од новата генерација, резултирајќи со почист дизајн со помалку копчиња, бидејќи многу од функциите можат да се управуваат преку екранот на допир.

Покрај 1.6-литарскиот дизел агрегат со 136 кс, Opel го нуди и 1.4-литарскиот турбо бензински агрегат со директно вбризгување и 152 кс кој дебитираше во новата Astra. Оваа погонска единица ќе биде во понуда со шест степен автоматски менувач, старт/стоп технологија и адаптивен систем за погон на сите тркала кој може да испрати до 100% од вртежниот момент кон предните тркала или едноставно да го подели во однос 50/50 помеѓу предната и задната оска, во зависност од условите на патот.

Opel-Mokka-X-Geneva-3

Купувачите можат да одберат технологија со адаптивно предно LED осветлување, кое доаѓа со девет различни функции кои ги заменуваат постарите BiXenon светла. Останатите слични безбедносни одлики вклучуваат асистент за сообраќајни знаци, индикација за далечина на следење, преднa тревога за опасност од судир и предупредување за напуштање на коловозната лента кое се активира автоматски при брзини над 60 км/ч.

Поврзано:   Opel Astra добива нов лајт-хибриден погон

Секако, тука е и новиот систем за поврзаност – OnStar, како и две нови верзии на системот IntelliLink, кои ќе му овозможат на маркетингшкиот оддел на Opel да се пофали дека ова ќе биде најдобро поврзаниот автомобил во сегментот на мали кросовери.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.