full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Карактеристиките на новиот Porsche 718 Boxster!

Новиот 718 Boxster со неговиот освежен изглед и новата гама на турбополнети мотори е предвиден да биде уште еден хит во програмата на Porsche.

Во ова видео, Германскиот спортски бренд ги прикажува измените направени од претходниот модел. Како најзначајна е преминот од атмосферски аспирирани шест-цилиндарски на турбополнети четири-цилиндарски погонски единици.

Базичниот модел носи 2-итарски боксер со 4 цилиндри кој испорачува 300 кс и 380 Nm врежен момент, што му овозможува забрзување од место до 100 км/ч за 4.7 секунди. Посилниот модел Boxster S располага со 350 кс и 420 Nm вртежен момент, и забележува пократко забрзување од 4.2 секунди кога е опремен со PDK менувач и систем за контрола на лансирање.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.