Истражување: SUV моделите се најпродавани во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Истражување: SUV моделите се најпродавани во Европа

За прв пат во историјата, SUV моделите продадоа повеќе од класичните модели од компактниот и субкомпактниот сегмент во Европа!

Според истражување направено од JATO Dynamics, SUV сегментот има експлозивен раст на стариот континент – во 2015 сегментот пораснал за цели 24 проценти во однос на 2014, и продадени се вкупно 3.2 милион SUV автомобили. Сегментот пораснал од 19.8% од вкупната продажба на цели 22.5%, и со тоа го надминал порано водечкиот сегмент на субкомпакти кој освоил 22% од пазарот.

Chart-1-1024x295

Овие бројки се должат на SUV моделите од средната класа, каде продажбата е зголемена за цели 42% на вкупно 470.400 возила. Сепак, најпродавани се SUV моделите од компактната класа кои се продадени во вкупно 1.28 милиони примероци, па на второ место се малите SUV модели со 1.2 милиони продадени примероци.

Chart-2

Водството меѓу SUV моделите му припаѓа на Nissan – јапонскиот производител минатата година продал преку 367.000 SUV автомобили на европскиот пазар и држи 11.8% од вкупниот пазар во овие сегменти. На второ место е Renault, а на третото е Volkswagen.

Chart-4

Секако, компактите и субкомпактите остануваат интересни за европските купувачи – минатата возила се продадени преку 3.12 милиони примероци од овој сегмент. Круната за најпродаван автомобил во Европа ја задржува Volkswagen Golf, но сегментот бележи загуба на пазарниот удел бидејќи забележал раст од само 5.8% во споредба со 2014.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.