full screen background image
Search

Електричниот NanoFlowcell Quantino е подготвен за сериско производство

Дебито на QUANTiNO е всушност претставување на електричен автомобил кој е подготвен за сериско производство!

Quantino е дел од QUANT серијата на NanoFlowcell, и ова е првиот ниско-волтажен електричен автомобил. Официјалната премиера на Quantino е закажана за саемот на автомобили во Женева, каде новиот автомобил ќе биде прикажан до своите поголеми браќа – QUANT E и QUANT F.

Автомобилот го носи интересниот Nanoflowcell погон кој користи само 48 волти и нуди 107 коњски сили. Моќта е поделена меѓу четири електромотори – по еден на секое тркало – а тоа значи дека автомобилот има погон на сите четири тркала. Сега за сега компанијата не објавува дополнителни податоци околу перформансите, но најавуваат студија која ќе ја испита исплатливоста на нудење на Quantino во некаква ограничена серија.

quant2

NanoFlowcell веќе го привлече вниманието на пошироката јавност со QUANT FE моделот – екстремен спортски автомобил кој има на располагање вкупно 1075 коњски сили.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.