Нов Ford Focus RS продаден за неверојатни 550.000 долари! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нов Ford Focus RS продаден за неверојатни 550.000 долари!

Најновиот супер компакт на Ford е веќе признаен како извонреден автомобил, благодарение на одличните перформанси кои се нудат по релативно пристапна цена.

Базирано на бројот на пред-нарачки, изгледа неизбежно дека новиот Focus RS ќе доживее огромен успех. Тоа го подкрепува и фактот дека на аукција на настанот Барет-Џексон Скотсдејл, еден примерок на Focus RS беше продаден за неверојатни 550.000 долари, што изнесува над 13 пати повеќе од каталошката цена од 40,000 долари. Кога ќе се земе во предвид дека испораките до купувачите треба дури сега да започнат, се верува дека купувачот осигурал место за ран примерок, иако аукциската куќа не објавила дали продадениот модел ќе биде првиот од производната лента.

Сите собрани средства од акцијата ќе бидат донирани на JDRC хуманитарната агенција за лекување и третирање на Дијабетес Тип 1, така што продажбата е исто така обемна хуманитарна донација.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.