full screen background image
Search

Одлични вести – горивата повторно поевтинуваат!

Регулаторната Комисија за Енергетика реши од вечерва на полноќ да ги поевтини горивата – и тоа по 3.5 денари за литар!

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени се намалуваат во просек за 8.83%. Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се намалуваат по 3.50 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 57.50, 59.50, односно 39 денари за литар.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.