Еуроимпекс расте – стана ексклузивен увозник за Peugeot и за албанскиот пазар! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Еуроимпекс расте – стана ексклузивен увозник за Peugeot и за албанскиот пазар!

Успешната приказна на Euroimpex продолжува – од почетокот на оваа година македонската компанија е официјален и ексклузивен увозник за Peugeot и на албанскиот пазар.

Со почетокот на годината, Македонската автомобилска компанија „Еуроимпекс“ стана нов ексклузивен увозник за Peugeot и за Албанскиот пазар. Францускиот Принципал Automobiles Peugeot, во јули 2014-та година, својата доверба ја искажа кон „Еуроимпекс“ за пазарите Србија и Црна Гора, а од јануари 2015-тата „Еуроимпекс“ веќе беше одговорен и за Косовскиот пазар.

Овие факти, во сферата на бизнисот говорат многу, секако во позитивен контекст за „Еуроимпекс“ која е основана далечната 1990 година и é првата приватна компанија во рамките на државата, чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија.

„Партнерството со Automobiles Peugeot трае четврт век. За овој период минавме многу и темелно го развивавме Peugeot брендот на домашниот пазар. Предизвикот пред кој се најдовме уште кон средината на 2014-та година, да ги водиме пазарите на Србија и Црна Гора, го прифативме со задоволство и пристапивме сериозно уште од првиот ден. Развивме темелна стратегија за исполнување на обврските и целите, а нашите постигнувања ни ги отворија вратите и кон другите пазари – Косово и Албанија. За да бидете успешни во тоа што го работите, треба да живеете, растете, да се развивате, размислувате и се борите за истите цели како и брендот кој го претставувате.“ – изјави г-динот Даниел Воиновски, Генерален директор на „Еуроимпекс“

euroimpex2

„Сега го застапуваме брендот Peugeot на пет пазари со вкупна популација од 14.452.555 жители. Ова за нас претставува сериозна обврска и мотив, со секоја наредна година брендот Peugeot да бележи сé подобар пласман на пазарите на кои го застапуваме. – изјави Г-динот Кирил Воиновски, Генерален директор на „Еуроимпекс“ и додаде – Како и до сега, нашите цели се транспарентни и пред сé фокусирани кон клиентите, нивната лојалност, кон вработените и кон стабилниот развој на компанијата. Улогата на регионален ексклузивен импортер, за нас претставува сериозна обврска, но и голем предизвик кој со задоволство го прифативме.“

Поврзано:  Новиот Peugeot 3008 пристигна во Македонија!

PSA групацијата, минатата година ја промени својата стратегија и го позиционираше брендот Peugeot скалило погоре. Со цел да го обезбеди својот развој, Automobiles Peugeot донесе одлука да примени регионална стратегија за увоз и дистрибуција на своите возила. По анализата, Automobiles Peugeot се одлучи и го избра „Еуроимпекс“ за свој понатамошен регионален партнер, чиј предлог проект најдобро ја демонстрираше визијата на брендот за Балканскиот регион.

Со почетокот на минатата година, во прикладна свеченост и одбрано друштво од земјава и странство, „Еуроимпекс“ одбележа 25 години од својата успешна работа. Компанијата се гордее со својата историја и досегашен развој и силно верува во успешна иднина.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.