Topcar го претстави Inferno пакетот за Mercedes-Benz GLE Coupe – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Topcar го претстави Inferno пакетот за Mercedes-Benz GLE Coupe

Ако несекојдневниот GLE Coupe на Mercedes-Benz не ви е доволно невообичаен, тогаш тука се луѓето од TopCar и нивниот Inferno тјунинг пакет!

Руската компанија која се занимава со модифицирање на луксузни возила го претстави својот Inferno пакет за Mercedes-Benz GLE Coupe. Тјунираниот SUV ќе го доживее своето деби на Саемот на Автомобили во Женева, но пакетот е веќе подготвен за нарачување.

mercedes-gle-coupe-topcar-inferno-side

Целиот пакет чини нешто повеќе од 17.000 евра доколку не сакате делови од карбон – а доколку сепак сакате делови изработени од егзотичниот и лесен материјал – пакетот чини 20.250 евра. Пакетот вклучува преден браник, нова маска на ладилникот, преден спојлер, LED светла вградени во браникот, поагресивен поклопец на моторот, проширени крила, странични прагови, дистанцери на тркалата и избор на големи алуминиумски фелни. Задниот дел го заокружува заден спојлер, проширени задни крила и нов заден браник со дифузер.

mercedes-gle-coupe-topcar-inferno-rear

Тркалата се од добро-познатиот производител ADV.1. Сопирачките се од Brembo, а издувниот систем до Akrapovic.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.