full screen background image
Search

Ferrari понуди Handling Speciale пакет за California T

Италијанскиот производител го претстави Handling Speciale пакетот за својот најмал модел, кој треба дополнително да го унапреди управувањето на California T!

Ferrari California T HS добива серија на доработки и калибрации на суспензијата кои го подобруваат управувањето, особено во Sport режимот на работа. Пакетот е наменет за купувачите кои сакаат уште поспортско искуство зад управувачот кога ќе се соочат со поинтересни кривулести патишта.

Автомобилот сега е понизок до подлогата а суспензијата е поцврста. Предните пружини се поцврсти за 16 проценти, а задните за 19 проценти. Дополнително, доработени се магнетореолошките амортизери кои сега реагираат значително побрзо и поефикасно. Дополнително, HS пакетот добива и нов издувен систем кој треба уште повеќе да го истакне звукот.

ferrari-california-t-handling-speciale-2

 

Ferrari не објави детали за тоа колку ќе чини овој пакет – но да бидеме искрени, најверојатно и не е важно. Сите детали најверојатно ќе ги добиеме на Саемот на Автомобили во Женева.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.