full screen background image
Search

Возачите во Formula 1 сакаат затворени болиди – може да ги добијат веќе во 2017!

Според претседателот на Асоцијацијата на Возачи на Формула 1, возачите едногласно побарале да добијат затворени болиди.

Alexander Wurz – претседателот на Асоцијацијата на Возачи во Формула 1 – возачите заеднички и едногласно побарале унапредување на безбедноста на Ф1 болидите – и според нив FIA е во позиција да го направи тоа веќе во 2017.

Wurz објасни дека експерти на FIA веќе разгледале неколку решенија, и дека воведувањето на дополнителни заштитни системи за возачите не би требало да е преголем проблем – и дека безбедноста на возачите треба да биде од највисок приоритет. Тој додаде дека „ќе бидат потребни измени на структурата на автомобилите, но со повеќе од една година време, не би требало никој да се побуни против овие подобрувања, особено со оглед на неколкуте последни несреќи во кои учество имаа и повреди на главите. Затоа, возачите и јас се надеваме дека дополнителна заштита на главата ќе биде формално побарана.“

Според некои извори, асоцијацијата ја поддржува Halo идејата на Mercedes, каде хоризонталната структура ја поддржува само една вертикална гранка поставена директно пред возачот. Ова решение не е целосно затворено, но главните компоненти се поставени да ја заштитат главата на возачот од поголеми парчиња кои би можеле да се најдат на патеката при незгода, без притоа да ја ограничан прегледноста.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.