WRC ќе користи дронови за да ја подобри покриеноста, а со тоа и гледаноста на трките! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC ќе користи дронови за да ја подобри покриеноста, а со тоа и гледаноста на трките!

Светскиот Рели Шампионат обезбеди договор кој ќе донесе спектакуларни воздушни кадри снимени со дронови од сите настани во сезоната 2016.

Нов договор помеѓу промоторот на WRC и производителот на дронови DJI ќе ги снабди фановите со воздушни снимки, кои ќе бидат интегрирани во телевизиските преноси почнувајќи од овој месец во Монте Карло. Дрон пилотите ќе работат со WRC TV во сите 14 рунди од шампионатот.

WRC создава моќни и живописни снимки во изненадувашки предели околу земјината топка, а снимките од дроновите ќе овозможат ново гледачко искуство, овозможувајќи им на фановите да ја гледаат акцијата од поразлична перпектива и ќе ја направат WRC програмата уште поспектакуларна.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.