Opel најавува нов GT концепт за Женева! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel најавува нов GT концепт за Женева!

Сосем неочекувано, Opel најави дека на овогодинешниот саем на автомобили во Женева ќе претстави нов GT концепт – кој би требало да ни овозможи „да видиме Opel со нови очи!“

Сега за сега нема никакви информации за концептот кој ќе го видиме во Женева – она што е објавено е логото на концептот и мало најавно видео кое не ни кажува скоро ништо. Сепак, ова е интересен момент за Opel бидејќи компанијата е во фаза на конкретизирање на својата гама, па очекувањата се големи – Opel има интересна историја со прикажување на навистина возбудливи и напредни концепти. Наскоро ќе знаеме повеќе – веќе е најавено дека на 21ви Јануари ќе биде објавена уште една најава, а премиерата е закажана за 3ти Март.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.