Галерија: Модерни рели автомобили кои сонуваме да ги видиме – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Галерија: Модерни рели автомобили кои сонуваме да ги видиме

Светскиот рели шампонат се подготвува за уште една возбудлива сезона, а овие неверојатни рендери пристигнуваат токму пред првата трка во годинава, закажана за крајот на Јануари.

Тука имаме десет дигитални илустрации кои прикажуваат нови модели трансформирани во рели машини. Сите од нив се сериски автомобили кои се веќе во продажба, со единствениот исклучок на Renault Alpine.

Моделите се украсени и стилизирани во стил на нивните поодамнешни рели претходници, така што новиот Mercedes-Benz S Class Red Pig потсетува на познатиот 300SEL од 70тите години. Исто така рели рендерот на 911 неодоливо враќа спомени на иконскиот 959 рели автомобил кој се користеше на релито Париз-Дакар и всушност беше победник во 1986тата година.

Mercedes-S-Class-Saloon

Тука се и Lancia Delta направена по примерот на познатиот Stratos со Alitalia шара, новиот Audi TT стилизиран како Audi Quattro S1 E2, Fiat 500 Abarth маскиран како неговиот предок од 1960тите, Ford Mustang  направен како RS200 од 1984та година, Rolls Royce како претходникот Corniche кој се натпреваруваше на Париз-Дакар и Volkswagen Touran исто така подготвен за на Париз-Дакар по примерот на трофејниот Touareg SUV.

Доколку семожевте да препознаете на која рели легенда ве потсетува новата Alfa Romeo Giulia, тоа е познатата Delta Integrale од истокрвниот бренд Lancia, со славната Martini рели тема.

Сепак, иако нема да ги видиме овие креации, новата 2016та WRC сезона со актуелните автомобили започнува со Рели Монте-Карло на 21ви Јануари.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.