full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Lamborghini Aventador SV на Isle of man!

Како најдобро да го искусите Lamborghini Aventador SV? – Да го извозите на отворени патишта со неограничена дозволена брзина. Токму тоа го направија колегите од Англискиот автомобилски магазин EVO.

Поточно, Henry Catchpole ги ослободи сите 750 кс и 690 Nm кои ги произведува 6.5-литарскиот атмосферски V12 агрегат на меѓуградските магистрални патишта на познатиот Isle of Man. Резултатот? Фантастично и кратко видео кое со сигурност ќе им се допадне на сите автомобилски ентузијасти!

За потсетување, Aventador SV забрзува од 0-100 км/ч за под 3 секунди, а неговата максимална брзина изнесува 350 км/ч, a неодамна постави време од 6 минути и 59 секунди на најпознатата кружна тркачка патека во Германија – Nurburgring.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.