full screen background image
Search

Трендот продолжува – горивата повторно поевтинија!

Регулаторната Комисија за Енергетика пред неколку минути ги објави новите цени на горивата – и од вечерва ќе купуваме поевтин бензин и дизел!

Трендот за намалување на цените на горивата продолжува. Согласно формулата за пресметка на цените, малопродажните цени од вечерва на полноќ се намалуваат во просек за 1.80 проценти. Тоа значи дека цените на бензините се намалуваат за 0.50 денари – па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 61, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 63 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото исто така се намалува, и тоа за 1 денар, па еден литар ќе чини 42.50 денари. Како што веќе напоменавме, новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.