full screen background image
Search

Ford го освежи американскиот Fusion, дали е најава за спортско Mondeo ST?

Синиот Овал го претстави освежениот Fusion – автомобилот кој всушност е американска верзија на она што ние го нарекуваме Mondeo – дали со овој фејслифт најавуваат како ќе изгледа европското Mondeo во блиската иднина?

Можеби најинтересниот детал е новиот 2.7-литарски EcoBoost V6 турбо-бензинец кој нуди дури 325 коњски сили и 475 Nm вртежен момент. Моделот кој го носи овој мотор ја носи ознаката Sport и ја пренесува силата кон сите четири тркала. Ова е интересен податок – бидејќи кога минатата година го возевме Focus ST во Келн и ги прашавме инженерите на Ford дали можеме да очекуваме и Mondeo ST, ни рекоа да бидеме трпеливи. Воопшто не би биле изненадени ако овој модел пристигне во Европа и го носи токму тоа име!

Меѓу другите измени ќе забележите изменет преден дел кој сега малку повеќе наликува на Focus благодарение на зголемените отвори на воздух, но тука се и поголемите, 19-инчни тркала, двојни завршетоци на издувниот систем, новиот заден спојлер и дискрено изменет заден дел. Новитет е и најновата генерација на SYNC мултимедијалниот систем кој доаѓа со поинтуитивен интерфејс, подобрени перформанси и нови технологии.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.