full screen background image
Search

Mazda ги најави претстојните концепти од саемот во Токио

Јапонскиот производител ги разоткри петте агресивни концепти пред нивното јавно дебитирање на саемот во Токио наредниот месец.

Најпривлечни се двата концепти базирани на моделот MX-5. Првиот е опремен со остар сплитер, странични прагови и изменет заден браник со дифузер и црвени детали. Тука се и нови двојни цевки како завршеток на издувниот систем, уникатни тркала и прилагодлива суспензија која ќе го подобри управувањето на веќе возачки настроениот спортски автомобил.

rs-nra-front-ts-1512220807036900-1

Вториот објавен MX-5 концепт е со NR-A тркачки спецификации. Тој е пофокусиран за употреба на тркачка патека и се одликува со бела боја и србрени, црвени и црни шари, истакната кука за влечење и заштитен кафез. Во кабината се додадени тркачки седишта и Takata сигурносни појаси.

Прилагодениот Mazda CX-3 е обоен во црно и опремен со нов преден сплитер, странични прагови и заден сплитер сите украсени со црвени детали.

atenza-front-ts-1512220807023000-1

Исто така изложена ќе биде и Mazda 6, позната како Atenza на нејзиниот локален пазар. Таа е стилизирана со нов сплитер, странични прагови и заден браник, како и нов сет црни тркала со сребрени венци.

Последниот концепт е Mazda 2 подготвена за рели, благодарение на монтирањето на калници, рели тркала, заштитен кафез и отстранувањето на непотребните елементи од кабината.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.