full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Audi RS6 – Удобен крал на скијачките патеки!

Седмицава ја започнуваме со емотивно и прекрасно видео направено од Италијанскиот оддел на брендот Audi и снимено во скијачкиот центар Мадона Ди Кампиљо!

Видеото ни го покажува 81-годишниот Џино Бурини – поранешен Италијански скијачки шампион, кој раскажува дел од неговата животна приказна и на кој начин моделот Audi RS6 му овозможува да осети дел од одамнешната возбуда на скијачките патеки. За тоа е заслужен познатиот Quattro погон, збогатен со звукот од 4-литарскиот V8 TFSI бензинец.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.