Новиот Fiat Tipo ја доби наградата AutoBest! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Fiat Tipo ја доби наградата AutoBest!

Новиот Fiat Tipo ја освои титулата AutoBest, a Fiat стана прв бренд кој во историјата на доделувањето три пати го има освоено ова европско признание.

Со вкупно 1.492 бода, Fiat Tipo/Aegea го освои првото место пред Opel Astra, која освои само 7 бода помалку. Hyundai Tucson стигна до третата позиција со 1.145 бода, а Honda HR-V и Mazda CX-3 блиску го следеа во вкупното рангирање.

„Ова беше доста силен натпревар. Гласањето на 26-те члена на AutoBest жирито – за прв пат од цела Европа – беше многу тесно. Предноста на победникот е само неколку бода, што покажува колку добри беа Tipo и Astra. Исто така и останатите финалисти се покажаа исклучително добро, што е чист знак дека денес имаме извонредни производи за европските купувачи“ – рече Илиа Селиктар, претседателот на AutoBest жирито.

autobest-ziri

„Fiat Tipo/Aegea е ‘The Best Buy Car of Europe in 2016’, односно автомобил со најдобар сооднос на цената и квалитетот во Европа за 2016 година. Новото Tipo семејство беше направено со стратегијата ‘одличен автомобил за ниска цена’ а не како ‘евтин автомобил’. Резултатот е извонреден производ, со сé што му треба на просечниот европски купувач – дизајнот, моторите, забележливиот квалитет, комфорот, прилагодливоста. Tipo е ново изразување на функционалната страна на брендот Fiat и нов предлог на концептот ‘вредност за парите’. Задоволство ми е во име на AutoBest да им честитам на сите луѓе инволвирани во Tipo/Aegea проектот – инженерите, дизајнерите и луѓето кои го произведуваат автомобилот за оваа прекрасна потврда на нивната извонредна работа“ – кажа Дан Варди, основачот и претседавач на AutoBest.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.