full screen background image
Search

ТЕСТ: Seat Ibiza Velvet 1.2 TSI 90 – Шпанскиот хечбек во вистинско светло!

Ова не е прв пат да се дружиме со малата SEAT Ibiza – но овој пат поминавме неколку дена со Ibiza Velvet Edition опремена со одличниот 1.2-литарски TSI турбо-бензинец со 90 коњски сили!

SEAT Ibiza не е нов модел – компактниот хечбек на шпанскиот огранок на Volkswagen групацијата во моментов е во својата четврта генерација и е на пазарот од 2008-мата година. Сепак, редовното освежување ја прави Ibiza современ и привлечен автомобил кој е особено интересен за помладите купувачи.

Визуелно-привлечен Velvet пакет и 1.2-литарски TSI со 90 коњски сили!

seat-ibiza-velvet-carclub-frontside

Моделот кој е денес со нас е освежената Seat Ibiza со Velvet пакет на опрема и 1.2-литарскиот TSI турбо-бензинец со 90 коњски сили. Со неодамнешното освежување Ibiza доби LED дневни светла, нови фелни и нови бои – но надворешните измени завршуваат тука. Вистинското освежување е во ентериерот каде Ibiza доби нови, поквалитетни материјали, нови можности за опремување и – она што е особено важно за помладите – нови мултимедијални уреди кои ветуваат повеќе функционалност.

seat-ibiza-velvet-carclub-siderear

„Нашата“ Ibiza дојде во привлечна металик боја со сатенски детали – кои се дел од Velvet пакетот. Новите предни светла со интегрирани LED дневни светла се дискретно, но привлечно освежување, а металик бојата и 16-инчните фелни се одлична комбинација. Навистина нема потреба многу да коментираме за дизајнот – сите добро ја знаете Ibiza. Она што радува е дека неколку години по премиерата Ibiza сè уште изгледа современо и – во вистинската комбинација од боја и фелни, секако – привлечно!

Двобоен ентериер, одлична опрема!

seat-ibiza-velvet-carclub-interior1

Ентериерот на нашиот автомобил беше вистинско освежување во однос на автомобилот кој го возевме минатата година – привлечната двобојна комбинација изгледа одлично, седиштата се комфорни, а опремата едноставно прави автомобилот да изгледа побогат. Сместете се во возачкото седиште и ќе ве пречека прегледен и комфорен ентериер, а чувството дополнително го издигнуваат управувачот и менувачот обложени со кожа.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: SEAT Tarraco FR PHEV ветува плаг-ин хибридна технологија, висока ефикасност и спортски карактер

seat-ibiza-velvet-carclub-interior2

Прегледноста е добра благодарение на големите стаклени површини, а сите контроли ни се веќе добро познати – па во Ibiza се чувствувавме како дома. Мултимедијалниот уред е лесен за користење, лесно врзавме мобилен телефон и веднаш започнавме со stream-ување на музика. На задната клупа како и досега – има место за двајца патници, но не очекувајте премногу. Багажникот нуди капацитет од 292 литри, а во ова ниво на опрема добивме и деллива задна клупа што дополнително ја зголемува практичноста.

seat-ibiza-velvet-carclub-boot

Малата Ibiza одлично се снаоѓа во градскиот метеж

Како што и очекувавме, малата Ibiza одлично се снаоѓа во град. Димензиите на автомобилите од оваа класа помалку или повеќе гарантираат дека тие ќе бидат полесни за маневрирање во градскиот метеж. Одличниот 1.2-литарски турбо-бензинец и прецизниот менувач се покажаа како добра комбинација, па воопшто нема да ви недостасува моќност ниту пак „живост“ во градски услови. Според официјалните податоци, на Ibiza опремена со 1.2-литарскиот TSI и требаат 10.7 секунди да постигне 100 километри на час и постигнува максимална брзина од 184 километри на час – одлични бројки за урбан хечбек! Во град можете да очекувате просечна потрошувачка меѓу 7.5 и 8 литри на 100 изминати километри – блиску до официјално-декларираната потрошувачка од 6.8 литри на 100 километри.

Веќе напоменавме – Ibiza настапува самоуверено на градските улици. Покрај 16-инчните тркала нема поголеми проблеми со справување со нерамнините. Од време на време се случува да се пренесат нешто повеќе вибрации во ентериерот, но тоа навистина не е нешто на кое можеме да замериме. Како и обично во оваа класа, би сакале малку повеќе звучна изолација за да имаме нијанса покомфорно возење на отворен пат.

Поврзано:   Во салонот на SEAT пристигна најголемиот SUV на брендот - новиот Tarraco

seat-ibiza-velvet-carclub-interior1

Ibiza е зрел – привлечен, практичен, економичен, безбеден и богато опремен – автомобил!

Сегашната генерација на Ibiza е кон крајот на својата „кариера“ – и Ibiza Velvet е одличен пример за тоа што треба еден автомобил да биде кога ќе созрее – привлечен, практичен, економичен, безбеден и богато опремен! Примерокот на Ibiza со кој ние се дружевме навистинаг ги исполни сите овие услови – вреди да се истакнат Velvet пакетите за екстериерот и ентериерот, 16-инчните фелни, клима, уредот, LED пакетот со предни дневни светла и задни LED светла, дизајн пакетот кој вклучува практични фиоки под предните седишта, Smart Connect пакетот со 5-инчно радио со USB, 6 звучници, Bluetooth поврзување и контроли на управувачот, и уште многуте други ситници кои навистина го прават возилото привлечно.

seat-ibiza-velvet-carclub-details

Не смееме да ги заборавиме ниту ESP системот за стабилност, ABS системот против блокирање на тркалата и многуте воздушни перничиња – сите кои допринесуваат за одличниот резултат на EuroNCAP тестовите.

seat-ibiza-euroncap

seat-ibiza-velvet-carclub-frontside2

Секогаш сме тврделе дека за секое возило постои мотор кој совршено му одговара – а за Ibiza тоа е токму 1.2-литарскиот TSI турбо бензинец кој во оваа конфигурација нуди 90 коњски сили и гарантира повеќе од адекватни перформанси. Малиот бензинец тотално го трансформира карактерот на Ibiza и ја претвора во она што треба да биде – привлечен и заводлив мал градски автомобил. За волја на вистината, и опремата си го прави своето – па малата Ibiza во оваа конфигурација одличен пакет. Возбудливиот шпански карактер е само бонус!

  • 1.2-литарски атмосферски бензински мотор
  • Моќност: 90 коњски сили / 4400 вртежи во минута
  • Вртежен момент: 160 Nm / 1400 вртежи во минута
  • Максимална брзина: 184 км/час
  • Забрзување 0-100: 10.7 секунди
  • Должина: 4061 mm
  • Ширина: 1693 mm
  • Висина: 1445 mm
  • Тежина: 1089
  • Меѓуоскино растојание: 2469 mm
  • Багажен простор: 292 литри
  • Потрошувачка: 7.8 литри на 100 километри (измерена, градска); 6.8 литри на 100 км (официјална, градска)
  • Цена на тестираниот модел: Seat Ibiza 1.2 TSI Style VelvetPack – 13.900 Евра
    Повеќе информации: SEAT.com.mk
Поврзано:   SEAT слави 1.000.000 продадени примероци од тековниот Leon

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.