full screen background image
Search

Регулаторна ги објави новите цени – бензините остануваат со иста цена, дизелот поевтинува!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва ќе купуваме поевтин дизел!

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва малопродажните цени на горивата се намалуваат просечно за 3.30 проценти. Цените на бензините остануваат непроменети и еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 62.50 денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 64.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 46.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.