Компактниот хечбек на францускиот производител постави нов рекорд меѓу возилата од Б-сегментот на легендарниот Nurburgring!
Моменталниот рекорд за возила на преден погон му припаѓа на најновиот Honda Civic Type-R, но конкуренцијата се заострува и меѓу помалите хечбекови, кои веќе не се ни толку мали и се навистина популарни меѓу автомобилските ентузијасти.
Малиот Renault Clio RS220 успеа да помине околу Nurburgring за 8 минути и 32 секунди – дури 36 секунди помалку од стандардниот RenaultSport Clio. Зад воланот беше Christian Gebhardt, уредникот на Sport Auto, а во споредбата беа уште неколку жешки автомобили од овој сегмент.
Така, Mini John Cooper Works успеа да помине круг за 8 минути и 35 секунди, а зад него беше новата Opel Corsa OPC со време од 8 минути и 40 секунди. Последен на листата беше Audi S1 со 8 минути и 41 секунда.
Колку за потсетување, RenaultSport Clio RS 220 има 1.6-литарски турбо-бензинец кој испорачува 220 коњски сили и 260 Nm вртежен момент, односно до 280 Nm во кратки интервали.