Ford ќе инвестира 4.5 милијарди долари во развивање електрични возила! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford ќе инвестира 4.5 милијарди долари во развивање електрични возила!

Интересни вести од синиот овал – Ford планира да инвестира дополнителни 4.5 милијарди долари во решенија за електрични возила до 2020 и веќе го најавува новиот електричен Focus!

Сепак, електрификацијата на гамата на Ford нема да запре кај Focus – компанијата планира да додаде вкупно 13 електрифицирани возила во својата гама до 2020-тата година, со што повеќе од 40 проценти од моделите на брендот ќе имаат своја електрична варијанта. Дополнително, Ford ќе ги зголеми капацитетите за развивање на батериски технологии и ќе отвори нови истражни центри во Европа и Азија.

Меѓу другите вести, Ford најавува дека следната година на пазарот ќе се појави новиот електричен Focus – кој ќе се вика Focus Electric и дел од него ќе биде нова технологија за полнење која може да понуди до 80% капацитет и автономија од 160 километри за само 30 минути. Новиот Focus Electric ќе започне да се произведува на крајот на следната година и на купувачите ќе им понуди грст нови технологии, меѓу кои се издвојуваат SmartGauge инструментите со EcoGuide панел кој нуди многу различни и прилагодливи информации и Brake Coach системот кој го учи возачот како најефикасно да кочи и со тоа да ја максимизира енергијата која се складира при кочењето.

„Како компанија која се занимава со автомобили и со мобилност, ние во Ford одиме подалеку од само дизајнирање продукти кои ќе ги однесат луѓето од точка А до точка Б. Го земаме во предвид и начинот на кој нашиот муштерија има интеракција со нашите возила, и бараме начини да ги возбудиме и да ги усреќиме нашите клиенти и да им ги подобриме животите“ – изјави Raj Nair од Ford.

„Предизвикот не е да се понуди највеќе технологија во едно возило, туку да се понуди најдобра организација на технологијата која ги возбудува и ги радува луѓето. Со набљудување на потрошувачите, ќе имаме подобро разбирање за тоа кои функционалности луѓето навистина ги користат и ќе направиме овие искуства да бидат уште подобри во иднина“ – додаде Nair.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.