На гала настан во хотелот Александар Палас во Скопје, новата Opel Astra беше промовирана пред македонската јавност!
Новата Astra најавува технологии и решенија кои сме навикнати да ги очекуваме кај возила од премиум сегментот – па бидејќи високо цели, токму таква беше и промоцијата. Хотелот Александар Палас во Скопје понуди одлична сцена за промовирање на новата Astra, која меѓу другото нуди седишта со ладење, греење и масажа, одлични можности за поврзување со паметни телефони, IntelliLux LED предни светла, економични бензински и дизел мотори, и многу, многу повеќе.
При прв контакт, импресиите од новата Astra се позитивни. Авантгардниот дизајн е привлечен, просторната понуда делува солидна и првичните впечатоци кои Astra ги оддава се мошне позитивни. Продажбата на новата Astra во Македонија е веќе започната – а доколку се решите да ја разгледате Astra, тогаш очекувајте цени кои започнуваат од 15.182 евра за Astra Selection со 1.4-литарски атмосферски бензинец со 100 коњски сили. Доколку преферирате турбодизел, цените тука започнуваат од 17.631 евро за Astra Selection со 1.6-литарски CDTI Ecotec турбодизел со 95 коњски сили.
Моментален врв на бензинската понуда во Македонија е 1.4-литарски Turbo EcoTec со 150 коњски сили и Innovation ниво на опрема – и во оваа конфигурација Astra чини 22.150 евра. Доколку вашиот избор сепак е турбодизел, тука е 1.6-литарскиот CDTI Ecotec со 136 коњски сили и Innovation ниво на опрема, кој ќе ве чини 22.098 евра.